Нови анти-НАТО и анти-ЕУ протести во Чешка
Илјадници Чеси протестираа викендов во Прага против десничарската влада и повикаа на предвремени избори и директни преговори со Русија за снабдување со гас на земјата пред зимата.
Протестот на државниот празник на главниот плоштад во Прага беше трет по ред организиран од екстремно десничарските политички движења и Комунистичката партија. Организациска група „Прво Чешка!“ се противи на одлуките на Европската Унија и НАТО и бара државата да биде воено неутрална.
Демонстрантите вееја чешки знамиња, извикуваа „оставка, оставка“ и носеа транспаренти со барање за излез од НАТО и ЕУ.
„Ова е нова национална преродба и нејзината цел е да ја направи Чешка независна“, рече организаторот на митингот Ладислав Врабел. „Кога ќе видам преполн плоштад – никој не може да го спречи“, додаде тој.
Високите цени на енергенсите, поттикнати од војната во Украина, го зголемија притисокот врз владите ширум Европа да го ублажат влијанието на зголемените трошоци за енергија врз потрошувачите и бизнисите.
Чешката влада на премиерот Петр Фиала се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија и зазеде цврст став кон инвазијата на Украина. Воведе голем број мерки, од финансиска помош за компаниите до ограничување на цената на струјата за домаќинствата.
Another mass protest against anti-Russian sanctions takes place in Prague.
— Dagny Taggart (@DagnyTaggart963) October 28, 2022
Residents accuse the political leadership of aggravating the energy crisis and demand the resignation of the country’s prime minister. pic.twitter.com/vvwpG2tFbV