Левица го поздрави реизборот на Си Џинпинг за претседател на КПК
- Соопштение на Политичката партија Левица
По повод ХХ Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, Левица испрати пријателско писмо до Претседателот на Народна Република Кина – Си Џинпинг, во кое ги поздрави одлуките и заклучоците од Конгресот и воедно го честиташе реизборот за Генерален секретар на Партијата.
Идеалите за праведност и еднаквост помеѓу народите, социјалното ослободување на работниците и победата на напредните идеи, се наша заедничка водилка – во нов пријателски свет.
Темелите на чудесниот напредок на Народна Република Кина, во духот на научниот социјализам, го менуваат светскиот поредок и вдахнуваат борбен пламен во срцата на револуционерите од цел свет.
Република Македонија го вреднува овој развој и македонскиот народ верува во градењето на нови можности во духот на социјализмот за нашите идни генерации!