Изложба на слики од Лесновската ликовна колонија во Куманово

Утре 08.02.2024 во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, со почеток во 12.30 часот ќе биде отворена 31-та Меѓународна лесновска ликовна колонија. 

Изложбата содржи 30 слики изработени од 17-те автори учесници на колонијата.

Стотици уметници од многу краеви на светот учествувале на Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи голем број на уметнички дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела при Дом на културата „Злетовски рудар”.

На 31 –вата Лесновска ликовна колонија учество зедоа 17 уметници, најмногу од нашата држава, но и од Србија, Бугарија и Данска. 

Изложбата ќе биде поставена до 21. февруари.