Владимир И. Ленин – Лекции од Париската Комуна

После државниот удар, кој го означи крајот на револуцијата од 1848, Франција потпадна под јаремот на Наполеоновиот режим кој траеше 18 години. Овој режим ѝ донесе на земјата не само економска пропаст, туку и национално понижување. Во кренатиот бунт против стариот режим, пролетеријатот презема две задачи – една од нив со национален, а другата со класен карактер – ослободувањето на Франција од германската инвазија и социјалистичката еманципација на работниците од [канџите] на капитализмот. Соединувањето на овие две задачи ја сочинува посебноста на Комуната.

Буржоазијата состави “влада за национална одбрана” под чие водство пролетеријатот мораше да се бори за национална независност. Оваа буржоаска творба, всушност, беше влада за “национално предавство” чија мисија беше да се бори против Парискиот пролетеријат. Но пролетеријатот, заслепен од патриотски илузии, не го воочи ова. Зачетоците на патриотската идеја се појавија за време на Француската Револуција од осумнаесеттиот век; [идејата] им го помати умот на социјалистите од Комуната; и Бланки, на пример, несомнен револуционер и жесток поддржувач на социјализмот, не можеше да пронајде подобар наслов за неговиот весник од буржоаскиот крик: “Државата е во опасност!“

Комбинирањето на контрадикторни задачи –патриотизам и социјализам– беше фаталната грешка на француските социјалисти. Во Манифестот на Интернационалата, издаден септември 1870, Маркс упати предупреда до францускиот пролетеријат за заблудата предизвикана од лажна национална идеја; Големата револуција, класниот антагонизам се беше заострил, и додека во тоа време отпорот против европските реакционерни сили ја обедини револуционерна нација, сега пролетеријатотот не можеше повеќе да ги комбинира своите интереси со интересите на другите класи кои беа непријателски настроени кон него; оставете ја буржоазијата да ја сноси одговорноста за националното понижување – задачата на пролетеријатот беше да се бори за социјалистичкото еманципирање [и ослободување] на трудот од јаремот на буржоазијата.

И навистина, не требаше долго за да се открие вистинската природа на буржоаскиот “патриотизам“. После склучувањето срамен пакт за мир со Прусијците, Версајската влада продолжи со нејзината примарна задача – започна напад за одземање на оружјето од Парискиот пролетеријатот од кое беа ужаснати. Работниците одговорија со тоа што ја основаа Комуната, и прогласија граѓанска војна.

Иако социјалистичкиот пролетеријат беше поделен во неколку делови, Комуната беше одличен пример за едногласноста која му овозможи на пролетеријатот да ги постигне демократските задачи, кои буржоазијата можеше само да ги изјави. Без некоја посебно комплексна легислатура, на прост и директен начин, пролетеријатот, кој зазема моќ, успеа да го  демократизира социјалниот систем, ја укина бирократијата, и ги направи сите официјални позиции изборни.

Но, две грешки ги уништија плодовите од оваа брилијантна победа. Пролетеријатот застана на пола пат: наместо да започне со “експропријација на експропријаторите’’; си дозволи да скршне од патот заради сонови за спроведување повисока правда во земја која беше обединета од заедничка национална задача; институции како банките, на пример, не беа преземени, и Праудхонистичките теории за ‘‘правична размена‘‘, итн., сè уште доминираа кај социјалистите. Втората грешка беше прекумерната великодушност на пролетеријатот; наместо да ги уништи своите непријатели, тие се обидуваа да применат морално влијание врз нив; тие ја потценија важноста на директни воени операции во граѓанска војна, и наместо да лансираат одлучна офанзива против Версај која би ја запечатила победата во Парис, тие заостанаа и дадоа доволно време на Версајската влада да ги собере своите темни сили и да се подготви за крвавата мајска недела.

Но, и покрај сите нејзини грешки, Комуната беше одличен пример за големото пролетеријанско движење во деветнаесеттиот век. Маркс постави голема вредност на историското значење на Комуната – ако, за време на предавничкиот обид на Версајската банда да го зграпчи оружјето на парискиот пролетаријат, работниците си дозволија да бидат разоружани без борба, катастрофалниот ефект на деморализацијата, што оваа слабост би ја предизвикала во пролетерското движење, би била далеку многу поголема од загубите што ги претрпе работничката класа во битката за одбрана на своето оружје. Жртвите на Комуната, колку и да беа тешки, надоместуваат со нивното значење за општата борба на пролетаријатот: се поттикна социјалистичкото движење низ Европа, се покажа силата на граѓанската војна, се разбија патриотските илузии и се уништи наивното верување во какви било напори на буржоазијата за заеднички национални цели. Комуната го научи европскиот пролетаријат конкретно да ги постави задачите на социјалистичката револуција.

Лекцијата која пролетеријатот ја научи нема да биде заборавена. Работната класа ќе ја искористи, како што веќе беше сторено во Русија за време на Декемвриското востание. 

Периодот што ја подготви, и ѝ претходеше на руската револуција, има одредена сличност со периодот во кој Франција беше под јаремот на Наполеон. Во Русија, исто така, автократската клика ѝ донесе на земјата економска пропаст и национално понижување. Но, избувнувањето на револуцијата беше задушувано долго време, бидејќи општествениот развој сè уште не дозволуваше создавање на потребните услови за масовно движење, и покрај сета покажана храброст, поединечните акции против владата во предреволуционерниот период ја искоренија апатијата кај масите. Само социјалдемократите (Терминот ‘‘Социјал-Демократите‘‘ кој Ленин го користи се однесува на тогашните револуционерни работнички движења, кои немаат никаква поврзаност со денешната буржоаска идеологија на социјална демократија.) , преку напорна и систематска работа ги образуваа масите за  повисоките облици на борба – масовни акции и вооружена граѓанска војна.

Социјалдемократите успеаја да ги разбијат „заедничките национални“ и „патриотски“ заблуди на младиот пролетаријат, а подоцна, кога Манифестот од 17 октомври беше запленет од рацете на царот поради нивната директна интервенција, пролетаријатот започна ревносна  подготовка за следната, неизбежна фаза на револуцијата – вооруженото востание. Отфрлајќи ги „заедничките национални“ илузии, таа ги концентрираше своите класни сили во сопствените масовни организации – Петроградскиот совет на работниците и војниците, итн. Без оглед на сите разлики во целите и задачите на руската револуција, во споредба со француската револуција од 1871 година, рускиот пролетаријат мораше да прибегне кон истиот метод на борба како оној првпат користен од Париската комуна – граѓанска војна. Имајќи ги предвид лекциите на Комуната, тој знаеше дека пролетаријатот не треба да ги занемари мирните методи на борба – тие им служат на нивните обични, секојдневни интереси, тие се неопходни во периодите на подготовка за револуција – но [пролетеријатот] никогаш не смее да заборави дека во одредени услови, класната борба зазема форма на вооружен конфликт и граѓанска војна; има моменти кога интересите на пролетаријатот повикуваат на безмилосно истребување на неговите непријатели во отворени вооружени судири. Тоа првпат го демонстрираше францускиот пролетаријат во Комуната и брилијантно го потврди рускиот пролетаријат во декемвриското востание.

И, иако овие величествени востанија на работната класа беа задушени, ќе има друго востание, во чие лице силите на непријателите на пролетеријатот ќе се покажат неуспешни, и од кои социјалистичкиот пролетеријат ќе се издигне како неспорен победник.