АктуелноИнтернационално

Едно лице уапсено паради транспарент „Укинете ја монархијата“

Една жена беше уапсена вчера во Единбург бидејќи држела транспарент против монархијата пред да пристигне ковчегот на кралицата Елизабета во градот.

Неколку моменти пред принцот Чарлс да биде прогласен за нов крал, во толпата се појави девојка која држеше натпис на кој пишуваше „E** го империјализмот, укинете ја монархијата“.

Портпаролот на полицијата за овој инцидент изјави дека 22-годишна девојка е уапсена „поради нарушување на редот и мирот“.

Меѓу граѓаните кои се собраа во главниот град на Шкотска да и оддадат почит на покојната кралица Елизабета и да го слушнат прогласувањето на принцот Чарлс за крал, имаше и такви кои негодуваа и свиркаа од толпата.