Македонија останува помеѓу најсиромашните земји во европа

На веб-агрегатот „World Population Review“, што ги обработува достапните податоци од Светска Банка и Организацијата на Обединетите Нации, Македонија се најде на шестата позиција на најсиромашни земји на европскиот континент.

Од земјите на балканот, полоша е ситуацијата само кај Косово и Албанија. Најсиромашната европска земја во овој момент е Украина, на листата на најзагрозени земји се наоѓаат и Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора.

Според податоците за 2020 година, бруто-домашниот производ по глава на жител во Македонија изнесувал 5 888 долари, а бруто-националниот приход по човек нешто помалку – 5 720 долари.

Бугарија и Романија се најсиромашните земји членки на ЕУ. БДП по жител кај источниот сосед пред 2 години беше речиси 10 000 долари, а кај Романија околу 12 900 долари. Во Хрватска, пак, изнесуваше 13 828 долари.

Од републиките кои беа дел од поранешна Југославија, Словенија сега има четири пати поголем БДП по глава на жител од Македонија, околу 25 200 долари.

Претходно истражувањето на Комекон (Советот за взаемна економска помош) ја рангираше Maкедонија како петта најсиромашна држава во Европа, додека Бугарија како најсиромашна земја членка на ЕУ.