Француската легија на странци врши колонизација на јеменскиот гас
Франција одлучи да испрати дополнителни сили од Легијата на странци за да ги заштити своите погони за природен гас во Јемен. Ова тие го прават со цел први да го обезбедат истиот и со тоа да не дозволат некој друг да го искористи.
Од страна на Парламентот на Јемен преку официјална изјава беше предупредено на сомнителни активности на сили поврзани со САД и Франција во јужниот дел од земјата.
Поранешниот министер за надворешни работи на Јемен, Абу Бакр ал Кирби, тврди дека Французите „под притисок на меѓународните цени на гасот, се подготвуваат да почнат со извоз на гас од Балхаф.“ Јеменските власти велат дека припадници на француската Легија на странци пристигнала на југот од земјата за да го обезбеди гасоводот Балхаф во провинцијата Шабвах.
Во јули, Париз и Абу Даби потпишаа договор за енергетска соработка за заедничко производство на течен гас. Според извештаите од почетокот на годинава целта на оваа соработка е обезбедување на контрола врз јеменските залихи на гас преку погоните во Балхаф кои се во сопственост на француската компанија Тотал.
Јеменската Влада и народ со години бара повлекување на сите нелегални окупаторски сили во земјата, каде освен француската легија, од неодамна се распоредени и американски сили. Неодамна јеменската Влада ја обвини саудиската коалиција дека под директива на САД почнале ограбување на јеменските резерви на природен гас.