АктуелноЛокално

Левица за приватизациите: „Единствените кои видоа бенефит се газдите кои за евтини пари добија бизниси на тацна“

Денес, Бранко Ристов од политичката партија Левица, оддржа прес конференција за можната приватизација на македонските железници.

„Новата влада збори за нови приватизации. Прво беа споменати хидроцентралите кои беа дадени под концесија, за кои јавноста критички реагираше и мерката беше повлечена бар сега за сега, а сега се збори за приватизација на македонските железници.“, вели Ристов и додава дека приватизацијата на јавните добра е едно од ретките нешта за кои двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, имаат консензус.

Поставувајќи се критички кон фактот што приватизации не беа споменати во изборната програма на СДСМ и напоменувајќи го нашето досегашно искуство со бројните приватизации за време на овие 27 години од кое што може да се увиди дека единствено бенефит имале газдите кои за евтини пари добиле бизниси на тацна, Ристов апелираше до вработените во МЖ Транспорт и до граѓаните остро да се спротивстават доколку ваква мерка започне да се спроведува.