Лавров: Поддршката на Киев е кулминација на русофобичниот курс на Западот

Министерот рече дека осум години Западот ја „заштитува“ неподготвеноста на Киев да ги почитува договорите од Минск и ги притиска украинските власти насилно да ја решат кризата во Донбас.

Безусловната поддршка на украинските власти од Вашингтон и Брисел е кулминација на русофобичниот курс на Западот, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на конференцијата за Дигитални Mеѓународни Oдноси – 2022 година во МГИМО.

,,Кулминацијата на овој русофобичен курс беше безусловната поддршка на Вашингтон и Брисел на радикалниот националистички режим во Киев, негувањето на ултрарадикалите во Украина и создавањето на „анти-Русија“ надвор од Украина.‘‘

Според него, Западот, на чело со САД, сега се обидува да ја врати и зацврсти својата доминација во меѓународните односи „за да продолжи да го решава својот тесен личен интерес за сметка на националните интереси“ на другите земји.

„Најважниот дел од оваа агресивна линија е долгогодишната политика на Западот за сеопфатно и системско задржување на нашата земја. На сите фронтови, како што велат.‘‘

Министерот додаде дека осум години Западот исто така ја „заштитува‘‘ неподготвеноста на Киев да ги почитува договорите од Минск и ги притиска украинските власти насилно да ја решат кризата во Донбас.

„Украина беше активно вовлекувана во НАТО, охрабрувана на секој начин да го забрани рускиот јазик, руското образование, руските медиуми, да апси луѓе, да прогонува, па дури и да убива независни новинари.‘‘