АктуелноЛокалноСтав

Нацијата како социјална конструкција

  • Пишува: Кристијан Димков, член на Црвена Младина.

Соочен со нови информации дека историските комисии на Република Македонија и Република Бугарија се се поблиску до наоѓање на „компромис“ јас сакам да ја погледнам нацијата од поинаква перспектива со цел да покажам дека барањата на нашиот сосед не се само национално-шовинистички туку се и научно погрешни.

Имено во науката постојат две гледишта за создавање на нацијата примордијалистичко и конструктивистичко.

– Примордијалистичката теорија на нацијата во суштина тврди дека човек од раѓање припаѓа на одредена нација и дека тоа чувство го следи цел живот, ова гледиште е генерално застапувано од Германски филозофи.

– Конструктивистичката теорија на нацијата тврди дека човек станува дел на одредена нација преку агенси на примарна социјализација (семејството) и секундарна социјализација (медиуми, образование, врснички групи).

Односно дека нацијата е општествена конструкција, една општествена творба создадена за потребите на елитите, како директен пример за ова ќе го посочам францускиот император Наполеон Бонапарта кој во 1804 година за да ја зацврсти својата позиција на власт во хаосот што се случувал во Франција по буржуаската револуција го донесува „Наполеонскиот код“, легислатива која, помеѓу другото ја создава модерниот поим за нацијата. Со оваа легислатива е законски одредено дека „секој човек кој живее во територијата на Франција е Французин“ за да ја зацврсти својата позиција на моќ како император.

Конкретен пример за тоа дека нацијата е социјална творба е следниов, дали дете кое е родено во Македонија но на 2 години неговото семејство а со тоа и самото дете се преселува во Германија, дали тоа дете кога ќе порасне ќе биде Македонец или Германец? Сега можеби некој ќе каже „па ќе има двојно државјанство така да двете“, добро, да секако дека ќе има двојно државјанство но замислете ја оваа хипотетичка ситуација: Доаѓа до војна помеѓу Република Македонија и Република Германија, на чија страна овој човек роден во Македонија но својот живот го провел во Германија ќе се бори? Или уште поблиску до нас, сите знаеме некој близок до нас кој заминал во странство, од егзистенцијални причини и таму запознал партнер и создал семејство. Дали неговите/нејзините деца ќе бидат Македонци или пак ќе припаѓаат на државата во која се родени?

Сметам дека тука не постои некаква дилема за тоа каков би бил исходот, односно Македонец се станува а не се раѓа. Се станува преку семејството, образованието, врсничките групи или накратко културата или начинот на живеење во одредена земја.

Затоа тврдењата на Република Бугарија дека со Македонците се „иста нација“ е комплетно неосновано бидејќи да, има сличности во културата на Македонија и на Бугарија, но има сличности и во културата во земјите на Скандинавскиот полуостров, но вакви банални и национално – шовинистички тврдења нема бидејќи се комплетно неосновани.

Затоа јас како Македонец по (социјално конструирана) нација повикувам на ПРЕКИН на преговорите со Република Бугарија бидејки се научно не основани.