Поддршката за работата на Џо Бајден падна на најниско ниво досега
Поддршката за работата на американскиот претседател Џо Бајден падна на најниско ниво откако тој е претседател на САД. Ова го покажува истражувањето спроведено од „NBC News“.
NBC News спроведува редовно истражување за тоа каква доверба ужива претседателот на САД пред граѓаните, а новинарите забележуваат дека рејтингот на Шефот на Белата куќа кај Американците паднал речиси на 40%.
Последен пат кога политиката на Бајден била подржувана од над 50% од Американците е пролетта минатата година, од тогаш поддршката кон него постојано опаѓа, а по отпочнувањето на воениот конфликт во Украина таа го достигна најниското ниво досега.
Во јануари политиката на Бајден ја поддржуваа 43% од испитаниците, а 54% од нив не ја одобруваа политиката на претседателот. Истражувањето спроведено овој месец покажува негативен раст од уште 1%, додека 40% од анкетираните даваат поддршка на политиката која ја води претседателот, што претставува најнизок рејтинг за Бајден откако ја обавува функцијата претседател на САД.
Последната анкета „NBC News“ ја спроведе од 18 до 22 март пред прекуокеанската турнеја на Џо Бајден.