АктуелноИнтернационално

Македонските студенти можат да добијат стипендија во Народна Република Кина

За учебната 2022/2023 година македонските студенти можат да добијат стипендија за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации во Народна Република Кина.

Стипендиите ги обезбедува Владата на НР Кина, односно станува збор за една стипендија обезбедена директно од кинеската влада и три унилатерални стипендии.

Крајниот рок за аплицирање на конкурсот за овие стипендии е 10 февруари 2022 година. На овој Конкурс заинтересираните кандидати можат да се пријават онлајн на http//en.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org.

Во објавениот Конкурс од страна на Министерството за образование и наука можат да се најдат сите потребни информации за документи и условите за аплицирање, како и контакти за повеќе детали за стипендирањето.

Прифатените кандидати студиите ќе ги започнат од септември 2022 година, а нивниот избор ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.