Израел спроведува нова окупација врз палестинските територии

Израелската министерка за внатрешни работи Ајелет Шакед пред околу еден месец изјави дека сонот на Дејвид Бен-Гурион да ги окупира Негев и Галилеја „не е завршен“, и повика да продолжат активностите за населување во овие региони.

Говорејќи на конференцијата одржана од економскиот магазин „Глоубс“, Шакед тогаш рече дека политиката и интересите на Тел Авив е во регионите Галилеја и Негев де се отпочне со изградба на нови израелски градови и населби.

„Државата има интерес да се насели во Негев и да ги контролира земјиштето. Негев не е многу густо населен и има многу да се направи“, додаде таа.

Областа на пустината Негев е историски населена со арапски племиња, социјално поврзани со племињата Синај, Арапскиот Полуостров и Јордан, каде Палестинците живеат со векови.

Од изјавата дадена во декември до денес беа спроведени бројни акции од страна на израелските сили на оваа територија, со што беа извршени бројни напади врз Палестинците кои живеат овде.

Новинарската агенција „Anadolu News“ соопшти дека вчера Палестинската влада го обвини Израел за извршени злосторства врз Палестинците во регионот Негев. Палестинското Министерство за надворешни работи најостро го осуди грозоморното злосторство извршено од окупаторската власт против палестинскиот народ во Негев, врз нивната земја и имот.

„Злосторствата на државата окупатор во Негев се продолжување на нејзината војна против палестинското население“. – Стои во соопштението објавено од нивното МНР

Локалните жители на Негев одржаа неколку протести против разорувањето на нивното земјиште и уништувањето на нивните домови од страна на „Еврејскиот национален фонд“ кој спроведува конфискација на имотите на луѓето. Од почетокот на 2000 година до сега, само во бедуинско село Ал-Аракиб во јужниот регион Негев, Израел 196 пати уривал домови на палестинското население.