(Видео) Ванковска: Дали санкциите за извоз на јаболката се рестриктивни за Русија или за Ресенчани

Како дел од разговорите на народниот собир во Ресен, професорката Ванковска неминовно мораше да се осврне и на проблемот со кој се соочуваат Ресенчани по “санкциите“ кои и ги наметна владата на Русија, за впрочем ние да не може да извезуваме кон исток!

„Примарно, не можеме ние како коцкари да го ставаме целиот влог на една карта! Се поставува прашањето „Ако досега јаболките одеа масовно во Русија, на која и поставивме санкции, каде се сега нашите западни сојузници?“, можеа нашите западни “пријатели“ да помогнат со пласманот, или пак да не противречат кога си бараме самите чаре на другите страни од светот!

Мора самите да си ја креираме политиката на пласман инаку овошките ќе овенат, луѓето ќе си заминат, а ние како држава ќе ги изгубиме перспективите!“