Ванковска: По криминалната приватизација на ред дојдоа името и Уставот
После целата криминална приватизација од почетокот на деведесетите која практично се што беше општествено добро го направи да е дел на новата класа на богаташи кои преку ноќ станаа сопственици на фирми, на ова, на она, вели Билјана Ванковска.
Кандидатката за претседател од редовите на Левица, смета дека по распродажбата на материјалните добра, дојде ред да се распродаваат и нематеријалните драгоцености на Македонија.
– Дел, по дел продаваат, распродаваат. И накрај доаѓа ова затоа што комшиите си имаат националистички агенди стари. И сега тие не се националисти, ние сме националисти, мислам лудило. И на крајот доаѓа до тоа дека немаат што друго да продадат освен името. Уставот, вели Ванковска.