Изложба на карикатури „Жената – глава на семејството“ во Куманово

Во среда (27.03.2024) со почеток од 13:00 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори изложбата на карикатури „Жената-глава на семејството“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“.

Ќе бидат претставени околу педесетина карикатури на автори од повеќе земји.

Изложбата од конкурсот за карикатура насловена „Жената-глава на семејството“ е дел од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС  2022“ кој што традиционално се одржува  во Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница секоја година во месец октомври. Минатата 2023 г. фестивалот го прослави 15 годишниот  јубилеј  од моментот на возобновувањето на истиот и негово прогласувањето за меѓународен.

Фестивалот е светски познат токму поради конкурсот за карикатура , а во 2022 год учество зедоа 283 автори од 44 држави од целиот свет со вкупно добиени 670 карикатури.  Од нив беа изберени 3 карикатури за награди . Првата награда му припадна  на  Енгин Селџук од Турција, второто место и припаѓа на Олена Цуранова од Украина, а третото на Дарко Дрљевич од Црна Гора.

Изложбата беше презентирана во повеќе градови во Македонија а во Куманово ќе биде поставена до 03.04.2024.