АктуелноЛокално

(Видео) Јанчев: Мојот мандат не произлегува од свечената изјава, мојот мандат произлегува од гласачите

Советникот од редовите на Левица, Саше Јанчев, се соочи со проблематизирањето на неговиот мандат и неговото право на глас во Советот на Општина Гевгелија, затоа што свечена изјава не потпишал со придавката северна туку со името Република Македонија. Патем, тој беше единствениот советник во Општина Гевгелија кој потпиша изјава со Република Македонија!

Според советникот, придавката северна е спротивна и на Уставот, и на Деловникот за работа на Собранието, и на Законот за склучување и ратификацина на меѓународни договори, и на Законот за надворешни работини, и на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните…

“Референдумот пропадна, а со уцени, закани и вадење од притвор на Крсто вратарот, се смени уставното име иако во Деловникот и Уставот никаде не е предвидена надлежност на Собранието да менува државно име.

Дополнително референдумот од 1991 година на кој граѓаните се изјасни за држава Македонија, не северна Македонија, е уште во сила. Бидејќи во правото постои правна хиерархија, закон се менува со закон, устав со уставни амандмани, одлука на референдум само со нова одлука на референдум не може со уставни амандмани да се побие референдумска одлука.

Во правото постои правен принцип кој вика вака, од неправо не може да произлезе право. Дополнително постои една природноправна максима која му се препишува на Томас Џеферсон кој вика кога неправото станува закон, отпорот е должност.“

Видеото од неговото обраќање пред Советот во Општина Гевгелија можете да го погледнете овде.