Заев и Мицкоски отворено зборуваат за нивната соработка
Вчера во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, се одржа дебата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на емисијата се дебатираше на повеќе актуелни теми, вклучувајки ја несреќата во тетовскиот Ковид центар, пописот, локалните избори и т.н.
Една од причините за „ескалација“ во дебатата беше улогата на Левица на политичката сцена во Македонија. Лидерите на двете партии свесни за подемот на партијата и опасноста по нивните политики која ја претставува Левица, непрекинато се обвинуваа и негираа соработка со оваа политичка партија.
Целта на ваквото однесување веројатно е намалување на угледот, вредноста, растот и довербата која ја ужива политичката партија Левица кај граѓаните.
Но, ваквата претстава заврши прилично неславно. Односно, во обидот да се наштети на партија, брзоплетоста и „несмасноста“ на двајцата лидери, не само што не ги поткрепи нивните тези, туку и ја открија својата континуирана соработка која се случува зад грбот на јавноста.
Христијан Мицкоски зборувајки за пописот, призна дека одработува за негов фалсификат и помага на СДСМ и ДУИ за негово спроведување.
„Еве господинот Заев треба да е чесен и да каже, дека наместо предвидените 20 дена за попис, ги зголемивме на 25, кога беше таа лидерска средба во клубот на пратеници на мој предлог, како прво!“
Во не многу изменет контекст согласувајки се со опонентот Зоран Заев кажа дека двете партии се во координација.
„Се до сега што е побарано, штабовите ни се во координација. Тоа треба да го знаат граѓаните, и заради агендите и заради се.“