АктуелноЛокално

Граѓани попишани без нивно знаење, Крмов повика да ги обелоденат ваквите случаи

Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов, смета дека од Државниот завод за статистика, директорот Апостол Симовски, како и политичките партии кои го туркаат фингираниот попис, се обидуваат да ги прикријат сите слабости, нерегуларности и измами кои се случуваат додека се одвива процесот на попишување. За ваквите лоши искуства, немили ситуации и проблеми пратеникот вели дека во медиумите тешко може да се види или прочита.

Заради ова, тој како еден од најистакнатите противници на нелегитимниот попис, ги повика граѓаните да ги споделуваат лошите искуства со попишувачите. Истовремено сподели вакво лошо искуство на граѓанин на својот фејсбук профил.

„СТОП НА НАСИЛЕН И НЕ ВАЛИДЕН ПОПИС:

Попишан сум без мое присуство од попишувачка тотално неписмена необразована, необучена, партиски насилен војник, која не си ги познава своите овластувања па се дознала да ме потпише додека бев на работно место.

Дошла дома и ги испрашувала и малтретирала моите стари родители за мои податоци без лична карта, тоа значи дека овие насилни партиски војници можат да потпишат кого сакаат и да бидат изманипулирани од било кого затоа што попишуваат само на кажани зборови од трети лица без никаков документ. Што значи дека моите родители можеле да пријават дека имаат 20 деца и глупавоста неписмена и необучена попишувачка да потпише и непостоечки лица. Како може таа коза да ме попишува без мое присуство? Без да ме праша што сум по националност, вероисповед? – Ама така се школувани од нивните партиски водичи насилно да спроведуваат.

Прашувале глупави прашања, на што се грееме, па да не сакаат да ми купат дрва или клима? – Прашувале дали сме чувале стока! Па што ќе ни стока кога на врата ни дошла дресирана магарица. Прашувале колку површина имаме па ова попис на имот ли е или попис на површина и имот? – Јас не знам како ме потпишала таа неодговорна личност што извршила злоупотреба на должноста без мое присуство, не знам ни како сум попишан ниту по националност ниту по вероисповед.

Апел до целиот народ, не дозволувајте насилно да ве претопуваат по националност и вероисповед! Мали неписмени необучена деца испратени од неспремна власт, кој нема кадар, туку само колку да помине попис со играат деца од улица и партиски штаб да ви менуваат име насилно да не ни кажуваат дали сме Македонци или северномакедонци.

Апел до сите институции, телевизии, партии и се останато СТОП за НАСИЛЕН и НЕРЕГУЛАРЕН ПОПИС!“

– Фејсбук статусот на Трајче Илиев, кој беше споделен од пратеникот Борислав Крмов