Крмов: Зошто бегаш од народот Претседателе Пендаровски?

Во јавноста вчера протекоа информации од кабинетот на Пендаровски дека прославата на Илинден ќе се одржи на платото во Вила Водно, како и пред три години, кога беше првата прослава во организација на претседателот Пендаровски. Тогаш, на прославата на Илинден присуствуваа претставници на Сојузот на борците, беа поканети претставници на политички партии и дипломатскиот кор.

Минатата година пак, Пендаровски, според распоредот, беше во Крушево, но, и тогаш се обиде да внесе новина во прославата, па не држеше говор на Мечкин Камен, туку претходно имаше видео обраќање.

За време на својот досегашен претседателски мандат Пендаровски ниту еднаш за Илинден не се појави на едно од централните места на прославата во Крушево. Причина за тоа е веројатно фактот дека по потпишувањето на предавничкиот „Преспански договор“ од страна на власта, речиси каде и да се појават владини претставници истите се исвиркувани, додека народот скандира „предавници, предавници“.

Претходно исвиркувани за време на национални празници биле и Зоран Заев и Радмила Шекеринска и бројни функционери од Владата на СДСМ, а последното беше неодамна токму на Пендаровски, кој беше исвиркан во родниот крај Галичник. Ова веројатно е главна причина зошто Претседателот нема храброст да се појави пред сопствениот народ.

По протекувањето на информацијата во јавност дека и оваа година претседателот нема да го посети Крушево, пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов означувајќи го Пендаровски на социјалните мрежи, постави прашање:

Зошто бегаш од народот, Претседателе Пендаровски? Нели големо балканско мажиште беше? – праша Крмов.