Црвена Младина: Сочуство до загинатите палестински граѓани по терористичиот напад на болница во Газа

Реакција на Црвена Младина

Црвена Младина вечерва заедно со претставници од скопските ограноци на Левица, изрази сочувство на симболичен начин кон загинатите жртви во најстрашниот терористички акт во поново време каде што беше бомбардирана болницата во Палестина од страна на Израел.

Ова што го прави Израел е геноцид и воено злосторство, за жал пред очите на меѓународната заедница и светска јавност, особено со одобрение и премолчување на Колективниот Запад.