Не ви е крив народот, туку пљачкашите – политичари!

Статус на Милена Блажеска.


Не, не ви е крив народот.
Не ви е криво семејството што нема да знае како да си ги прехрани децата па сега се бунтова, сигурно нема Заев или Мицкоски да им ги платат сметките.
Не ви се криви сите отпуштени работници оставени на милост и немилост па сега се бунтоваат.
Не ви се криви старите и изнемоштените шо шетале и се туркале исплашени до коска.

Не ви се криви ниту психички “послабите” шо излегвеле на воздух или се бавеле со спорт надвор, пошо побогу не ја имаме сите таа привилегија лавовски да се избориме со ситуацијата затворени во четири ѕида.
Не ви е крив обичниот народ пред се сиромашниот што го тресе егзистенцијална криза и баш го боли за корона пошо очигледно не сте биле сиромашни и вашите не биле во работничката класа ами седеле по фотелји!

Кривицата барајте ја во владата на Северџанистан шо си јајт бифтеци,лешници и виски и ама баш ич не им е гајле дал ќе умрит баба ви или дедо ви.
Кривицата да ја барате во олигархијата и во пљачкашите шо душата на ѓаволот си ја продадоја за да си ги наполнет џебојте и си обезбедија финансиска безбедност и си ги вратија платите а вие сте тие што ќе лупате со години од сеа за економски да закрепните.

Кривицата да ја барате во неспособноста на нашите лидери што потфрлија во справувањето со кризава и се праеја наудрени Цаца ко им се врати во Македонија и затвори цел оддел и мереа температура по аеродроми дур на граница со мито им поминвеа коли без никаква контрола.
Кривицата да ја барате и во тие што требеа на почетокот да ги заштитат нашите здравствени работници а не сега народот шетал и се бунтовал а тие сторија кривично дело што не им обезбедија навремено соодветна опрема!
Целиот товар падна на ЗДРАВСТВОТО затоа што овие од горе не знает кај терет ни шо прает веќе, во главите им се вртат избори, во рок од месец и пол додека трае вонреднава состојба милион пати ги изменаја уредбите и мерките.

Да си ја барате кривицата и во сите нелегални активности како палење на депониите и увозот на отпад со што го отруја народот со загадениот воздух кој допрва ќе гледаме какви последици ќе има(рак?!) Ама не короната е поопасна.
Кривицата да си ја барате и во мас медиумите шо ве ОТРУЈА начисто, ве истренираа на таква послушност и ви всадија таков страв шо буквално сте парализирани моментално и гледате само напред ни лево ни десно, како ќе свирне овчарот од горе така и овците по него. Кривицата да си ја барате исто и кај вашите сограѓани Северџанисти и Еуфундаменталисти шо мислет НАТО И ЕУ ќе им ги згрижит децата и ќе ги избавит од криза а забораја дека нивните прадедовци и прабаби умираа додека истиве бомбардираа по Балканот.

Кривицата да си ја барате и кај верските заедници шо ја кроет јавната политика и никој ништо не им мојт пошо нели тие се надвор од законот.
Кривицата да ја барате и во надлежниве шо го уапсија чоекот со кучето зошто бил излезен во време на полициски час а за криминалните дела на моќнициве никој со години не одговара.

И да, пазете се и од другарите шо ви викет не ме интересират политика, не се замарам јас со такви работи. Тие се најтешка категорија-корисни роботи без трошка вредносна идеологија и смисла за правда.Тие се од оние исти ко гореспомнативе, да си го наполнет џебот како знает и умеет па макар газеле и преку лешеви.
Се е политика денес па и здравјето!

Спремај се народе за борба и бунтовништво, не меѓусебе ами против лажната племенска демократија и празните ветувања,против вистинскиот непријател – западните империјалисти на кои нашиве лидери им го лижат газот додека вие трчате по нив а сега ве оставија сами да се снаоѓате и ниту една мерка не спроведоја за да ви помогнет. Лесно е да плукате по луѓето и да повторвите ко папагали то шо зборвет вашите богој врховисти дур имате пари в џеб, се е океј и мирно тогаш. Еден ден да падните од коњ на магаре па да ве видам шо ќе кажите тогаш. Мрш.

СМРТ ЗА КАПИТАЛИЗМОТ!
#ЗдравјетоЕПолитичкоПрашање
#OкупационаВлада

Не, не ви е крив народот. Не ви е криво семејството што нема да знае како да си ги прехрани децата па сега се бунтова,…

Posted by Милена Блажеска on Tuesday, May 12, 2020