Камиказа: Треба да ја сузбиеме корупцијата во Град Скопје

Корупцијата е еден од најгорчливите проблеми во државата кој како се менуваат властите наместо да се спречи, постојано се надградува. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа, смета дека ова е еден од клучните проблеми кој го кочи развојот на главниот град и ги црпи неговите ресурси. Борбата против овој проблем тој ја најави како прва, основна и главна негова задача.

Пред се треба да знаете дека прво и основно на нашата програма или зошто јас треба да бидам градоначалник на Скопје е тоа дека ќе се бавиме прво да ја сузбиеме корупцијата во Градот. Тоа е основен дел, затоа што парите што исчезнаа изминативе години можевме да изградиме градинки, да го направиме луна паркот, сите оние проекти кои во суштина постојат само требаше да им дадеме додадена вредност.

Во дебатната емисија на 360 степени тој зборуваше за мноштвото проекти кој остана нереализирани како резултат на корупцијата и лошото управување на претходните градоначалници од редовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Од нив на пример би го навел лизгалиштето и базенот кој беше на отворено, Луна паркот кој заедно двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договорија да не постои, туку да го ископаат Дебар мало. Ботаничка градина за да не можат повеќе да градат во Расадник и да го направат бетонизиран тој дел од градот. Македонско село да им го дадеме на сликарите и уметниците а фабриката Купром да ја направиме младински инкубатор каде младите ќе можат да се дружат.