АктуелноЛокалноСтав

Мојсоска: Екстремистичка партија како Беса во Европа не би се ни формирала

Статус на Јована Мојсоска, член на Президиум на Левица.


За екстремизам говори генерален секретар на партијата Беса, која во самото свое конституирање, како главен приоритет го постави „редефинирањето на Македонија како мултиетничка држава, што ќе се рефлектира преку суверенитетот на државата (и) симболите, или пак како граѓанска држава, што ќе се рефлектира во името на државата, државните симболи и државните институции (Билал Касами, 11 октомври 2016).

Партијата чиј пратеник, Зекирија Ибраими, ја пееше албанската химна во највисокиот законодавен дом, се дрзнува да говори за европски вредности – не земајќи во предвид дека во било која европска држава, за скандал од таков размер, Ибраими ќе беше со одземена јавна функција и прогласен за сепаратист. Партија која континуирано хушка меѓуетнички конфликти преку директна организација на протести каде се веат знамиња на голема Албанија и се бара ослободување на осудените од случајот „Монструм”.

По барање на Беса, без никакво учество од стручната јавност, во духот на еден типично племенско однесување која го негува оваа партија, Царовска го повлече учебникот по географија за втора година гимназија. Без никакво објаснување за каква навредлива содржина станува збор, ниту сериозна консултација со научната фела, племенските лидери на Беса се ставија над сите образовни и стручни институции.

Во однос на најзначните државни симболи, претседателот на оваа партија, Касами одговори дека „не се чувствува комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на Албанците, како што и не може да се чувствува комотно во интонирањето на македонската химна.” Во канцеларијата на Касами редовно изостанува македонското знаме, додека се истакнати знамињата на Албанија, САД и ЕУ. Според него, потребно е РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА и промена на државните симболи, за племенскиот водач на оваа наци-шовинистичка организација “да се чувствува комотно”.

Додека Хоџа зборува за европски практики и анти-европски партии и насилнички, со уцени, се обидуваат да воведат етничка припадност во лични карти – Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата се има изјаснето против етничка, расна и религиозна определба во личните карти. Во 1999 година, кога во Грузија имаше предлог – закон да се воведе етничка графа во личните документи, тогашен претставник на Европскиот Совет за Човекови Права изјави: „Вметнување на етничка припадност во јавни документи ја нарушува Европската рамковна конвенција за национални малцинства.”

Можеби генералниот секретар на Беса, во духот на насилничкото владеење и самоволие на ДУИ, е изненаден кога македонска партија поставува црвени линии во однос на македонските национални интереси. Но, во било која друга европска држава, каде конститутивната нација е сврзното ткиво на сите народности и суверенитетот на државата, ваквите етно-центристички провокатори кои не признаваат ниту еден државен елемент, веднаш ќе беа прогласени за сепаратисти и протерани од државата.