Одземени домените на неколку ирански телевизии и блокирани над триесет страници од страна САД
Властите на САД ја презедоа контролата над домените на иранските телевизиски канали Прес ТВ и Ал-Алам, како и на јеменскиот телевизиски канал Ал Масирах.
Известувањето за ова се појави на страниците на овие медиуми.
Во порака што се појавува при обид за пристап до која било од страниците, се вели дека домените се земени под контрола во согласност со американските закони, кои овозможуваат конфискација на имотот „поврзан со недозволена трговија со технологии или материјали за производство на нуклеарни, хемиски, биолошко или радиолошко оружје или производство, увоз, продажба или дистрибуција на ограничени супстанции.“
САД ги блокираа веб-страниците на Иранската Исламска Телевизиска и Радио Унија за кршење на санкциите на САД, соопшти американското Министерство за правда. Во вторникот, при влегување на веб-страниците на иранските телевизиски канали Прес ТВ и Ал-Алам и Ал-Масира, контролирани од Хутите, беше објавено дека наводно пристапот до нив бил ограничен поради конфискацијата на нивните домени од страна на американските власти.
,,Ограничувањата се воведени на 33 веб-страници што ги користи унијата и на уште три други страници контролирани од милицијата Катаиб Хезболах”, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за правда на САД. Веб-страниците беа блокирани со судска наредба и „во врска со кршење на американските санкции“, соопшти Министерството за правда.
Иранските владини структури, наводно, маскирани во новински организации и медиуми, имале за цел да ги поткопаат демократските процеси во САД, тврди американскиот оддел.
Праксата покажува дека Иран често бил предмет на лажни обвинувања од САД, заради што како држава има претрпено огромна материјална штета, а дел од ваквите политики доведоа до голем број на човечки жртви. Несомнено, ова е сериозен удар за демократијата, слободното изразување и претставува директно мешање во внатрешноста на трети држави. Дали меѓународната заедница ќе преземе одредени чекори заради ваквите постапки на САД, останува да видиме.