(Видео) Хриса Калиманова – Симбол на борбеност, страдања и љубов

Хриса Калиманова е само една од многуте партизанки нa НОБ во Егејска Македонија, кои целата своја младост ја поминаа измачувани во зандани од грчката војска и полиција. Во интервјуто за геноцидот над Македонците од Егејскиот дел на Македонија (снимено 1986 година) таа раскажува:

На, полицискиот дом не’ пречекаа со зборовите „Добредошла б’лгарко“ – јас му реков не сум б’лгарка! Вели ,Шо си?“ – Македонка! Вели: Сигурно си ти среќна, горда шо си Македонка? – Да, му вела, горда сум! Вие дали не сте горди што сте Грци?

За тази ми смелост ме зафатија и почнаа де ме тепат, толку многу шо падна на бесвест. Ме довлекоа на ќелијата, ми пушчија струја, ми се растрепери снагата и мозокот. Целиа месец ме мачиа таму, да се откажам од партијата, оти сум Македонка. Јас не се откажав, и, така ме довлекоја затвор, на Јанина, на Епир.

‘56-та година ми поминаа по воен суд, на судо ме обвинуваја като агент. Јас му реков не сум агент, ме судите зошо  сум Македонка и партијка. Еден од судиите ме прашаше: „шо си по националност“ – три пати ме прашаше. Јас му одговорив: МАКЕДОНКА! Тогаш главнио судија му потфрли „Шо ја прашаш толку пати нели ти одговори веч на второто?“ – Така вели „за да види публиката со каков корав тип имаме работа“.

Веднага ме в’рнаја след судо на централните женски затвори на Аверо. И, там истото ми саќеа, и, зашчо не правев нишчо ме пуштија на специјален затвор на психијатрија. Таму четири години ме малтетираја ужасно. Ми поскаја да направам отказ од партијата и од Македонка, и, да си ода дома. Јас му веља „Не се откажувам од партијата и од Македонка“. И, така почнаја да ме тепат толку многу по главата и по стомак шо паднав в бессознаење, Кад дојдов себеси му реков:  „Од фашисти не чекам подобар однос“. За тоа ме врзаја за кревето со двете раци и 48 часа, неподвижно, без вода и без хлеб. Сет ден ме ослободија и ми направија две еликсии за бутовите, со киселина, со оцет! Шо боле ужасно, се подуваја бутовите, станаа като грутки на болното место, ми кладоја оште 60 елексии, шо боле ужасно.

Почна да пиши печатот, колку пишеше печатот за малтретирање и за занданите, за малтетирање, толку повеќе ме м’чеа. ’64-та година дојда на власт Папандреу, многу од затворениците излегоја. На мене ме свалија 9 години. Бев слободна …. но младоста на ќелиите и на лудницата. Бев слободна, но слободна без здравје, без кашта, без работа. 

‘74-та година сакаше да ода во Социјалистическа Република Македонија. Јас сум горда што сум Македонка и ми е многу убаво да се наричам Македонка.