Апасиев: Дали МПЦ ќе признае попис кој вештачки го намалува бројот на христијаните во Македонија
По вчерашното објавување на резултатите од пописот спроведуван во септември минатата година, стана јасно дека резултатите се целосно фингирани согласно политичките барања на една од политичките партии.
Во јавноста меѓувремено се појавија бројни податоци за нелогичности во пописните резултати, „штиманите“ бројќи и бројните пропусти. Но, една од темите кои навистина привлекува големо внимание, е драстичниот пад на православно население во Република Македонија споредено со претходниот попис.
По ова прашање, јавноста логично очекуваше МПЦ да се произнесе по однос на овие пописни резултати и излезе со јасен став дали тие го признаваат пописот. За жал, од нивна страна сè уште е молк, заради што пратеникот Апасиев, во свој стил, јавно побара јасен став од МПЦ по ова прашање.
„А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови ‘христијани’, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај ‘Холидеј Ин’ им го затнаа устичето. – Дедо Стефане, се слушаме?“