Лев патриотизам, затоа што десниот бил тешко “фејк”
Статус на Николче Митревски.
„Учеството на Левица во шарената револиција, можам слободно да го споредам со историјата на внатрешната револуционерна организација.
Прво, за секој што дава критика/навреда, треба да се врати пет години наназад и да се преиспита да не случајно и тој/таа бил дел, пред СДС да ја превземе. Речиси секој студент, средношколец, основец беше дел од школскиот пленум. Второ, да се присетиме, дека Македонското движење на чело со Гоце Делчев, барал поддршка од сите страни на светот.
ВМРО помагало со 500 борци во Америка, за возврат светот да го слушни и реши Македонското прашање, еден од двата поробени народи на балканот (Македонскиот и албанскиот). Исто така, македонската дијаспора лобирала преку Рускиот ‘гласник’ со иста цел, да се слушне и реши прашањето за автономија. Организацијата се предводела претежно на источниот дел, прекугранични активности со помош на бугарите се внесувале руски пушки, исто источниот сосед служел за бегство на револуционерите.
Се барало помош и од турско чисто етничките сиромашни села, се со една цел – слобода за целокупното население, без разлика на вера и раса. Подоцна се соработувало и со хрватското движење, што резултирало со убиство на кралот на СХС. Подоцна и учество во партизанските единици. Се на се историјата говори, дека за борба за слобода и правда не се бираат средства, соработници и начини за постигнување на целта.
Истото го гледам и во 21 век, преку Левица и сум цврсто убеден, дека шарената револуција (на која несвесно сум учествувал во школски плениум и полициска бруталност), барала начин на почетокот, исто како Гоце Делчев за излез од тешката ситуација на македонското работно население.
И за крај, државата се движи во процес на распад, кој ако се случи, Македонецот никогаш повторно нема да се избори за сопствена држава, благодарение на тешките странски пропаганди, кои денес се најсилни во последните 200 години (грчко – бугарски црни пари во касите на сдс, дуи и дпмне)
Шарената револуција не беше предавничка, туку предадена! Целта е повеќе од јасна, правда, слобода, еднакви можности по принцип – кој за што го бива и пред се, зачувување на традицијата и став на меѓународната сцена со МАКЕДОНШТИНА. Чунки Хераклеа ни е во дворо. Шарената револиција пред се беше граѓанско движење Протестирам, кој бенефициите незаслужено ги искористи баграта Комуњарска на сдс.
Лев Патриотизам, десниот било тешко FAKE.
Да живее слободна Македонија и нејзините верни синови!”