„Германија го нападна СССР – ВОЈНАТА ПОЧНА” – дневникот на Георги Димитров за 22 јуни 1941

„Недела.

Во 7:00 итно сум повикан во Кремљ.

Германија го нападна СССР. Војната почна.

Кога стигнав ги сретнав Поскребишев, Тимошенко, Кузњецов, Мекхлис (повторно во воена униформа), Берија (даваше некому наредби по телефон).

Во канцеларијата на Сталин се Молотов, Ворошилов, Каганович, Маленков. Сталин, кон мене:

„Нѐ нападнаа без да кажат што сме им згрешиле, без барања и без преговори; нѐ нападнаа подмолно како да се гангстери. По првичниот напад следуваа бомбардирањата на Киев, Севастопол, Житомир и други области, а Шуленбург изјавил дека Германија се чувствува загрозена од концентрацијата на Советски воени сили на нејзината источна граница па превземала контра-мерки. Финците и Романците се со Германците. Бугарија се согласи да ги претставува интересите на Германија во СССР. Само комунистите можат да ги поразат фашистите…”



Впечатлива е смиреноста, одлучноста и самодовербата за ова кај Сталин и другите.

Ја средуваат снимката од владината изјава на Молотов што треба да се пушти на радио.

Се издаваат наредби за војската и морнарицата.

Мерки за мобилизација и воена состојба.

Се подготвува подземна просторија за работа на ЦК и персоналот.

Дипломатските претставници ќе се преместат од Москва и ќе се однесат некаде, на пример Казан, бидејќи тука може да шпионираат, според Сталин.

Ние [Коминтерната] правиме подготовки за нашата работа. Засега Коминтерната нема да превзема отворени акции. Партиите на локално ниво подготвуваат движење за одбрана на СССР. Прашањето за социјалистичка револуција да не се спомнува. Советските народи водат патриотска војна против фашистичката Германија. Работата е да се порази фашизмот кој пороби многу народи и е со намера да пороби уште повеќе…”

Во Коминтерната секретарите и работниците од раководството се повикани. Објаснуваме што се нашите позиции и задачи во дадениот момент.

Инструкции се пратени на компартиите од Америка, Англија, Шведска, Белгија, Франција, Холандија, Бугарија, Југославија и Кина.

Низа организациони мерки се усвоени.

Најавена е мобилизација на сите наши сили.”