АктуелноЛокално

Левица: Велосипедските патеки никогаш не станаа реалност на битолчани

Локалниот огранок на Левица – Битола реагираше на празните предизборни ветувања на градоначалничката Наташа Петровска, дека во нејзиниот мандат Битола ќе биде велосипедски град. Oд ветеното – ништо.


„Предизборно ветуваше многу, но реализираше малку. Градоначалничката Наташа Петровска неколку пати изјави дека Битола ќе биде велосипедски град. Од ветеното не реализираше ништо. Битола во нејзиниот мандат нема нова велосипедска патека како што ветуваше таа. Велосипедистите се’ уште се небезбедни по улиците.

Покрај субвенции за велосипеди и лажните апели за чист воздух, зголемен е ризикот на велосипедистите од незгоди додека се движат по коловозните ленти и пешачките патеки.
Лаги и низа од празни ветувања е резултатот за битолчани од општинската власт!“