Охрид SОS: Споменици на културата?!
За македонскиот институционален парадокс има толку многу материјал, толку многу примери. Овој импозантен објект, според инфо таблата „единствениот изворно сочуван претставник на архитектурата на XIX век“ е веќе сериозно оштетен, се срушила сосема кровната конструкција, а е евидентиран како споменик на културата заштитен со закон. Оној кој слегол на плажата кај Канео, знае за која куќа се работи. Според народната – „село гори, баба се чешла“, институциите наместо суштински, одлучиле само формално да постапат, со тоа што ставиле инфо табла на објект кој во секој момент може да се сруши и на кој од поодамна стојат предупредувања за опасност. А ова не е единствениот објект во старото градско јадро на кој се поставени вакви табли за внимание.
Од Завод и умузеј, Управа за заштита на културното наследство и Министерство за култура побаравме конкретни информации за објектот, зошто досега не е реставриран, или барем саниран, дали се чека на негово рушење за да се направи т.н. факсимилна реконструкција со што би се добил еден нов стар објект, кој би ја немал автентичноста, туку ќе биде само реплика на оригиналот, кој заради негрижа, може да замине во историјата. Кои се надлежностите, зошто се дозволува споменици на културата да се во ваква состојба?
Како што поминува времето, старото градско јадро сè помалку има автентични, стари објекти. Се гради без стручно мислење, без конзерваторски одобренија, се обезличува еден простор. Попусто и специјален закон, и толку институции. Нема контрола нити редовни инспекции, дури после реакции на наши сограѓани се прави увид. Често се прогледува низ прсти, или не се почитуваат заклучоците на институциите.
СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА?! За македонскиот институционален парадокс има толку многу материјал, толку многу примери. Овој…
Posted by Охрид SOS on Friday, April 23, 2021