Крмов и активистите од Левица посадија над 2.000 садници во Велес

Пошумумувањето беше на местото Вршник во околината на Велес, активистите на Левица од овој град, заедно со пратеникот Борислав Крмов посадија над 2.000 садници багрем.

„Почитувани сограѓани, среќни сме што успешно ја реализиравме нашата мисија, Ридот Вршник го пошумивме со над 2000 садници Багрем.На оваа акција се приклучија членови на планинарски друштва, наши сограѓани од Велес како и нашиот пратеник Борислав Крмов. 0громна БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ што учествуваа во заедничкото пошумување на Вршник!“ – Стои во соопштението на Локалниот огранок од Велес.

За акцијата пратеникот Борислав Крмов соопшти на својот фејсбук профил, каде споделувајќи фотографија напиша: “Заедно со другарите, со граѓани и членови на планинарските здруженија од Велес, засадени над 2.000 садници од багрем на ридот Вршник. Одлична организација на другарите од огранокот!“

Ова не е прва ваква акција на Локалниот огранок на Левица во Велес, претходно тие неколкупати организираа вакви акции на различни локации, а во донирањто на дрва за засадување се приклучуваат се поголем број на граѓани, поединци но и здруженија.