По уставните измени Бугарија ќе има нови барања кон Македонија за членство во ЕУ

Шефицата на бугарската дипломатија Габриел, истакна дека Бугарија ќе има нови барања кон Македонија на патот за членство во ЕУ, таа нагласи „Имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“. Со ова бугарската страна уште еднаш ги разобличи лагите на Владата за брза интеграција во ЕУ доколку се внесат Бугарите во македонскиот Устав и најави продолжување на „европската голгота“ за Македонија, која, за жал не е ни блиску до интеграција во ЕУ.

„Не се само уставните измени, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година, Уште повеќе, пак, ние имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“.

Ова е дел од одговорот на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, на прашањето – што се случува со преговарачкиот процес на Република Македонија за присоединување со ЕУ, дали земјата го почитува тоа што е побарано од неа, и каков е ставот на Бугарија? Габриел го даде одговорот на седница на собраниската комисија за прашања на Европската унија, Шенген зоната и еврозоната.

„Тоа на што инсистираме што јас и мојата екипа во секакви формати, тоа што е важно за нас, е да видиме – ако има тешкотии со уставните измени, каков е напредокот по останатите теми? Вистината е дека направивме две технички средби – една во јули во Софија, една во октомври во Скопје – и за жал, утврдуваме дека по нив нема напредок“, рече Габриел.

Шефицата на бугарската дипломатија јасно истакна дека Бугарија ќе ја користи Европската Унија за спроведување на својата националистичка агенда, како во Македонија, така и во регионот. Алудирајќи на тоа дека доколку новите барања кои ќе бидат поставувани кон Македонија на европскиот пат не бидат исполнети „Бугарија нема да дозволи што и да е да биде направено за да бидат отворени преговори“.

„Ние сме државата-членка на Европската Унија, и како држава-членка со нашите барања кон Република Македонија кажуваме дека – кога сакаш да бидеш член на ЕУ треба да ги исполниш обврските што ти самиот си ги презел. Во јули 2022 двете (земји – н.з.) заедно одлучиле да ги имаат своите обврски. За мене тоа што е важно, а можеби навистина е ново бидејќи пак се појавија неколку интерпретации, сакам никој да нема никакво сомнение – Бугарија нема да дозволи што и да е да биде направено, за да бидат отворени преговори.

Марија Габриел истакна дека барањата за исполнување на штетните договори за Македонија направени од Владата на СДСМ и ДУИ ќе продолжат да важат и не заборави повторно Бугарите во Македонија да ги претстави како жртви на дискриминација, додека само пред неколку дена документите на ООН констатираа дека Бугарија ги гази правата на Македонците во нивната земја, и додаде дека очекува ЕУ да ги заштити бугарските интереси.

„Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и конкретни резултати останува значајно, вклучително Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Сѐ уште се неопходни одлучни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања меѓу партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи (…) ЕУ исто така ги повикува партнерите да ги гарантираат правата на припадниците и еднаквиот третман на припадниците на малцинства“, се вели во овој дел од Декларацијата.