Во СБ на ООН се подготвува нова Резолуција за итен прекин на огнот во Гaзa

Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која треба да гласа Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), таа повикува на „итен и одржлив прекин на непријателствата за да се овозможи безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и моментално и безусловно ослободување на сите заложници“.

Потсетуваме, претходно САД (8 декември, 2023) ставија вето на предлог резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој беше поддржан од огромно мнозинство членови на тоа тело, а со кој се бара итен, хуманитарен прекин на огнот во војната во Појасот Газа. Од 15 членки, 13 гласаа за резолуцијата, Велика Британија беше воздржана, а само САД беа против.

Поради ветото на САД, Светот обединет против агресијата на Израел и поддршката од САД за воени злосторства во Газа и беше доставена ваква резолуција до Генералното собрание на ООН Резолуцијата повикуваше на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите“. Одбиени беа два амандмана од САД. „За“ усвојување на резолуцијата гласаа 153 земји, 10 беа „Против“, а 23 членки на ОН беа „Воздржани“. Израел и САД беа против.

Текстот на нацрт Резолуцијата кој сега е доставен до Советот за безбедност, ја потврдува поддршката за „решението за две држави“ и ја нагласува важноста од обединување на Појасот Газа со Западниот Брег под палестинска администрација. Нацртот на новата резолуција на Советот за безбедност беше претставен од арапските земји, а според тврдењата на неименувани добро упатени извори во дипломатските кругови, преговорите за новиот текст се во тек.