Спортската сала на УКИМ во очајна состојба – демолирана и руинирана вон употреба

  • Реакција на Левица – Сектор спорт

Спортската сала на Универзитетот „Кирил и Методи” во Скопје е целосно руинирана и демолирана. Очигледно е дека е оставена во заборав од надлежните подолг временски период, без надзор, без контрола, без обезбедување и одржување на пристојни услови за тренинг и натпревари, пред сѐ за студентите, но и за сите останати љубители на спортот. Наместо да се одржува во соодветни услови за тренинг и натпревари, за што очигледно имало предвидено одличен простор, таа е оставена сама на себе, да скапува и да биде уништувана. Немарноста на надлежните довело до тоа, денес салата да ја најдеме во ваква состојба – целосно неупотреблива.

Деновиве сме сведоци како еден спортски успех на македонската селекција имаше моќ да го обедини нашиот народот и да го зајакне чувството на припадност и идентификување на народот со државата. Меѓутоа за успеси од вакви размери потребно е државата да обезбеди неопходни услови за развој на младите таленти кои еден ден може да прераснат во врвни професионални спортисти и гордо да ја претставуваат Македонија низ светот и да бидат најголеми амбасадори.

Ваквите успеси не треба да нѐ залажуваат, тие не доаѓаат лесно и преку ноќ – напротив треба да послужат како поттик уште повеќе да се посвети внимание на развојот на професионалниот спорт во државата. Талентот и напорната работа несомнено е дека ги имаме, меѓутоа недостасува соодветна спортска инфраструктурата и неопходните основни услови за развојот и напредок на нашите млади таленти.

Еден од приоритетите на Левица во однос на спортот, е реконструкција и обнова на старите спортски објекти и вклучување во целосна и редовна употреба, како и инвестирање во повеќе нови спортски објекти, не само во Скопје, туку и во сите останати градови низ Македонија кои се заборавени од локалните и централните власти, а младите се оставени без можност за спортски, здрав, психо-физички развој и социјализација, за жал, токму поради неможноста да спортуваат поради немањето на основни услови и инфраструктура.

Развојот на едно општество се гради од темелите, а тие темели се нашите млади. Здрава и агилна нација се гради со здрави навики кои се темелат на физичка активност и на сите останати старосни категори, професионалци и рекреативци, преку спортски активности и социјализација. Само така ќе го вратиме духот на народно единство и национална припадност, нешто што по сѐ изгледа дека намерно се руинира од страна на актуелните власти од СДСМ-ДУИ коалицијата. Ваква непријатна глетка на уништени спортски, но и културни и образовни објекти, јасно дава до знаење, дека оваа власт намерно го убива духот на нацијата, со поткопување на здравиот темел кој се создава единствено преку спортот, образованието и културата.

Левица се бори и понатаму против овој трул систем.