Крмов: Пописот го признаваат само ДУИ и СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став

По објавувањето на резултатите од пописот спроведуван во септември минатата година, се повеќе заедници, здруженија, организации и граѓани го оспоруваат истиот. Бројните пропусти на кои укажуваа критикувачите на овој закон, пред се од Левица и од движењето „Не отворам врата“ се испоставија како апсолутно точно.

Секоја од овие групи на „непризнавачи на пописот“ набројуваат разни пропусти кои ги засегаат нив и се одразуваат негативно создавајки тотално погрешни бројки. Откако вчера објавивме дека од турската заедница не го признаваат пописот и Египќаните излегоа со став дека не го признаваат овој фингиран попис.

Како што изјави нивниот претставник Демироски, тие не веруваат и не ги признаваат резултатите заради тоа што немало ниту еден инструктор Египќанец, ниту пак член во пописната комисија, иако за ова имале поднесено барање.

Во поддршка за заедниците кои не го признаваат пописот, се огласи и пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов. Тој констатираше дека освен ДУИ и СДСМ никој друг не го признава овој попис, дополнително нагласи дека како и за многу прашања претходно, од ВМРО-ДПМНЕ немаат став.

Пописот го признаваат само ДУИ и СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ со немањето јасен став СВЕСНО им даваат поддршка и легитимитет. Египќаните иако имаат и советник во Општина Охрид, практично се избришани на пописот! До толку се хаос податоците. И Египќаните не ви го признаваат фалсификуваниот попис!