Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа за ослободување на Универзитетот на ДУИ од надоместок за уредување на градежно земјиште!

Албанскиот универзитет во Скопје „Мајка Тереза“, за кој неколку пати беа најавувани решенија за изградба на неговиот објект, и понатаму е предмет на политичка пропаганда.

Ако досега за него не се најде никакво решение сега се стави на точка на дневен ред на седница на Совет на Општина Карпош, како предлог одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за реконструкција и адаптација на ‚‚Универзитет Мајка Тереза‘‘ во Скопје. Се работи за нов објект кој треба да се изгради во склоп на Касарна „Илинден‘‘, на територијата на Општина Карпош.

По оваа предлог одлука советниците на СДС и ВМРО ДПМНЕ гласаа ПОЗИТИВНО и тоа во време кога Општина Карпош е една од најзадолжените општини во Македонија и не е во можност редовно да ги исполнува своите оврски.

Во контекст на ова го пренесуваме статусот на советникот на Левица во Општина Карпош Мартин Димоски.