Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Денес 17 март , со почеток во 12 часот, во НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2023, кој го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.

Годинешното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни“, а како и секоја година конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голем интерес кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учество на 224 автори од 46 држави и со вкупно 622 карикатури.

Жирито е составено од интернационални и домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени акрикатурите на Фернандо Пица од Колумбија (прво место), Кијанг Лио од Кина (2. место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (3. место).

Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS од Виница прват е утврден во 1993 година, но згаснува при крајот на 90-тите години од минатиот век. Се обновува во 2009 година кога добива и меѓународен карактер и годинава слави 15-годишен јубилеј. Тој е еден од најпознатите и најинтригантни фестивали за карикатура, кој секоја година има интересна тема, што е вистински предизвик за карикатуристите од целиот свет.Изложбата во НУ Центар за кутура – Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.