Левица: Контроверзната судијка Весна Димишкова му одреди куќен притвор на Рашковски

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица:

Докажани се намерите на оваа власт за изигрување на правдата, кои се потврдија и денес. Судијката Весна Димишкова, чие име се спомнуваше во аферата „Рекет”, преку нејзиниот брат – адвокат, е судијка во претходна постапка која за поранешниот генерален секретар одреди куќен, наместо ефективен притвор.

Потенцираме дека вториот човек на премиерот, Драги Рашковски, како првоосомничен за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување”, не набавил софтвер само за потребите на МВР, туку во име и за сметка на дури 14 ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ склучил договор за групна јавна набавка на софтвер од фирмата „Инвока Груп”, основана непосредно по оформувањето на владата на СДС, без сопствен сајт и контакт информации.

За сервисирање и набавка на софтвер, предмет на групната набавка биле државни органи, меѓу кои и: Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за супервизија на капитална финансирано пензиско осигурување, Царинската управа, Агенција за катастар на недвижности, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители.

На „Инвока Груп”, државата во изминативе три години ѝ исплатилa речиси 400 илјади евра за софтвер кој воопшто нема употребна вредност. Со склучените договори за групна јавна набавка, софтверот изготвен од „Инвока Груп” ќе може целосно да ги менаџира испитите, изборот на идните идните СУДИИ и ОБВИНИТЕЛИ, односно рангирањето на истите се одвива токму врз основа на криминалниот софтвер.

Со сите инкриминирани дејствија, кои ген-секот ги презел при спроведување на постапката за набавка на софтверот за 14-те државни институции, нанесена е огромна штета на буџетот на Македонија во време на најголема економска криза досега, а воедно таквите дејствија го покажуваат корумпираното владеење на структури во извршната власт – сите раководени од претседателот на Владата, Зоран Заев.


КОНТРОВЕРЗНАТА СУДИЈКА ВЕСНА ДИМИШКОВА МУ ОДРЕДИ КУЌЕН ПРИТВОР НА РАШКОВСКИ Докажани се намерите на оваа власт за…

Posted by Левица on Friday, April 16, 2021