АктуелноСтав

Калоѓера ги повика македонските интелектуалци да застанат во одбрана на Македонија: Сè е подобро од академска тишина

Секогаш ни е чест и задоволство да објавиме статија, колумна или пак статус од Академикот Горан Калоѓера од Хрватска. Тој е вљубеник во Македонија и нејзината култура, книжевност, поезија.

Луциден и искрен, вистински борец за Македонија и македонската култура, секогаш погодува во сржта, во срцевината и затоа го почитуваме неизмерно. Прочитајте го неговиот статус каде ги “прозива” македонските интелектуалци и научни величини.


Во Македонија “врие”, мислам и дека е време за тоа. Гледам објави од многу чесни и честити Македонки и Македонци, кои ревносно се борат за зачувување на своето културно, национална, литературно и јазично наследство. И тоа е добро, разбудениот народ е добар народ, овие заспаните, успиени ќе се приклучат подоцна. Ги почитувам сите кои се борат за зачувување на својот идентитет, наспроти сите политички сплетки кои им ги наметнува актуелната власт.

Да се разбереме, за секоја бугарска провокација или фалсификат, секогаш постои аргументиран одговор. Особено ми е жал што моите виртуозни колеги, врвни стручњаци во областите на културата, историјата, јазикот и книжевноста, не се произнесуваат. Си го чуваат местото(позициите) момците и девојките, добро ухлебени и добро платени. Ок, можам јас тоа да го разберам, но не и да го простам. Народ кој не е доволно образуван по прашањето за својата историја, книжевност, јазик..од своите луѓе од фелата (а јас ги познавам поприлично), очекува тие да се изјаснат и конечно да го изнесат својот вредносен суд за “македонското прашање”. Ако не застанат во одбрана, а тоа е реална опција, тогаш ние од страна можеме само да говориме спроти ветерот.

Македонската интелигенција постои, силна е, бројна и академски високо оценета. Македонија мора да се одговори на сите прашања од таквите луѓе, а не од мене, “осамен јавач”, кој буквално “моча спроти ветрот”. Затоа, повик до моите заспани колеги научници од сите македонски универзитети, зборувајте, појавете се, пишувајте, сè е подобро од академска тишина. И не ме канете веќе на некакви симпозиуми и слични настани, нема да ви дојдам. Што од инает, што од чувството дека сте го предале својот народ. Епа сега да ве видам вас, дами и господа, одговорете.. за полемика сум секогаш спремен.

Во потпис Академик Горан Калоѓера

U Makedoniji “vrije”, mislim da je i vrijeme za to. Vidim objave mnogih časnih i poštenih Makedonki i Makedonaca, koji…

Posted by Goran Kalogjera on Thursday, April 1, 2021