Караванот за проекција на филмот „Битката за Севастопољ“ организиран од Левичарскиот Институт „Рацин“ продолжува низ градовите ширум Македонија. Првата промоција на овој филм беше одржана на 10-ти мај во КИЦ во Скопје, ден по одбележувањето на „Денот на победата над фашизмот“. Денес ваква промоција ќе се случи во Куманово со почеток од 18:00 часот, за настанот известија од Локалниот огранок на Левица од Куманово. Во нивнаа објава пишува:
По повод „Денот на победа над фашизмот” (9-ти мај), овој месец би сакале да посветиме внимание на важноста на борбата против фашизмот, согласно анти-фашистичката традиција на Македонија и посебно нашиот град Куманово, како град каде пукна првата пушка на Народно-ослободителната војна во која беше поразен бугарскиот окупатор и Македонија беше ослободена од фашистичкото зло.
По период на тешки страдања, огромен број на човечки жртви и денови на заробеништво кои со себе ги понесе Втората светска војна, месецот мај значеше светла точка и пресвртница. Пресвртница која светот ја почувствува во 1945-та година, со потпишување на капитулација на нацистичка Германија и официјален крај на грозоморните настани и Втората светска војна.
Со цел свечено одбележување на месец мај, се одржува проекција на филмот “Битка за Севастопољ” .
украинско-руски игран филм, во режија на Сергеј Мокрицки, снимен во 2015 година.
Во него се раскажува судбината на легендарната жена снајперист од 25-тата дивизија на Црвената армија, Поручник Људмила Павличенко, која е херој на Советскиот Сојуз како најефикасната снајперистка во Големата патриотска војна и нејзиното учество во одбраната на Севастопољ.
Проекцијата ќе се одржи во Општинската зграда “Комитет”, на ден 25.05.2022 година, од 18:00 до 20:30 часот.
Ве покануваме заедно да го одбележиме овој историски значаен месец и заедно да се потсетиме на вредностите кои нашите претци ни ги оставија борејки се во НОБ.