Изложба: „Стибера – 70 години археолошки истражувања“ во Археолошки музеј

На ден 25.05 четврток во 12:30 часот во Археолошки музеј ке се отвори изложбата ‘Стибера-70 години археолошки истражувања’

Античкиот град Стибера,наречен Македонската Помпеја е еден од најзначајните локалитети во Македонија. Стибера бил главен град на областа Девриоп, западниот дел на античка Горна Македонија.

Од антички пишани извори се дознава дека Стибера веќе бил стратешко значаен град уште за време на владеењето на македонските кралеви (4-3 век п.н.е) кои што извори се потврдени со археолошките истражување, при што се откриени делови од градески бедем и остатоци од неколку градби. Поголемиот дел откриени објекти датираат од римскиот царски период за време на династиите Антонини и Севери, кои укажуваат на висок статус на градот во овој период. Со истражувањата низ годините пронајдени се многу мермерни статуи на божества и заслужни граѓани, храмови и многубројни вредни артефакти кои можат да се најдат само на најпознатите антички локалитети и претставуваат вистинска реткост во светски рамки.