Хуманитарен настан за нашиот другар Грицко

Во сабота, во Олд Скул сите Другари ќе бидат дел од хуманитарен настан за другарот Грицко

Урбаната Скопска легенда Грицко, се соочува со непријатно здравствено но и социјално искуство. Оние што го познаваат, знаат дека се работи за еден уникатен пример на добар и доблесен човек, човек кој со години преку неговата иницијатива Храна А не Оружје, помагал на најранливите категории на граѓани од Скопје, на гладните, на сиромашните, оние кои немаат еден топол оброк во денот. Да биде работата уште по апсурдна и нелогична, Грицко е одбиван од институциите за финансиска помош која му е потребна.

Кога институциите затајуваат тука се луѓето. Неговите другари и пријатели прават хуманитарен настан за финансиска помош.


Настанот ќе се случи во просториите на Олд Скул бар во Скопје оваа сабота, со почеток од 16 часот.
Ќе биде поставена кутија за донации на самиот влез на барот. Ќе можат да се купат и слики од уметникот Димитар Младеновски(по цена која самиот донатор ќе ја одбере), ќе се продава накит, албуми на домашни бендови и слично а сите средства одат за Грицко.Да се појавиме во што поголем број на овој настан но во исто време и да ги почитуваме сите мерки за заштита од Ковид 19.
На настанот ќе слушаме музика од омилените артисти на Грицко.