Како да манипулираш маса народ за да се самоотпише?

  • Фејсбук статус на Тамара Јованов – Апасиева –  Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – во Штип

Како да манипулираш маса народ за да се самоотпише?

1. Создади проблем.

2. Направи го голем и на лична основа.

3. Потоа понуди го решението кое одпочеток си сакал да го имплементираш, само сега, без никаков отпор.

Примена:

1. Името го создадоа како проблем (а не беше – 133 земји од 200 не’ имаа признато).

2. Го врзаа со желбата за влез во ЕУ и го сведоа на ниво на лаги за здравство, образование. Го поврзаа и со личните документи на граѓаните (слобода на движење). Создадоа паника дека не можеш да ги добиеш и ќе има казни.

3. Сега веќе дојдоа на муабет дека ќе се бесплатни, народ се смирува, дури и аплаудира, а притоа сите заборавија дека така се легитимира Северна!

Вака цели држави имаат размонтирано, по прирачници од САД. Се вика шок терапија и има зачудувачки ефикасни резултати. Пс. Едно арно во приказнава – со шок терапија се доаѓа и до инакви решенија – од народот кон вазалите (сдс-дпмне, то су срца два).