Коалицијата ДПМНЕ-СДС против предлогот на Левица за укинување на незаконско исплаќање на советниците за склучувње бракови

  • Соопштение на Левица Ѓорче Петров

Советничката група од Левица на вчерашната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров поднесе Предлог-одлука за забрана на исплаќање надоместоци од општинскиот Буџет на советниците од Ѓорче Петров кои учествуваат при склучувањето на бракови на ниво на општината и град Скопје. Со ваквата забрана предложивме средствата предвидени за оваа година за надоместоци по овој основ да се пренасочат за наставно-образовни помгала во основните училишта во општината.

Ваквата пракса на советниците, кои незаконски земаат надоместоци по овој основ – не е ниту базиран на Одлука на Советот, односно сѐ до сега и овој пример на недомаќинско трошење на Буџетот се криел од јавноста и надлежните институциите! Или на кратко, скришум се делат надоместоци за присуство на советниците на секоја венчавка.

Исто така, според наши информации и спроведена компаративна анализа, во ниту една друга општина не се исплаќаат надоместоци за оваа законска улога/должност на советниците!

Ниту Законот за семејството, ниту Законот за локалната самоуправа, ниту Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, како и подзаконските акти – НЕ ПРЕДВИДУВААТ надоместоци по овој основ.

Дополнително, за овие надоместоци во 2008 година се изјаснил и Уставниот суд кој ПОНИШТИЛ Одлука на Советот на Општина Струга во која бил предвиден надоместок во висина од 500 денари на советниците за секое присуство при склучување брак.

Советниците од ДПМНЕ и коалицијата заедно со СДС одлучија воопшто да не се дискутира во однос на предлогот на Левица, и со тоа ОДБИЈА да се одречат од ова незаконско полнење на џебовите од општинската каса. Следствено, одбија и да се пренасочат дополнителни средства за основните училишта.