Вистиномер да престане да ја цензурира вистината!

Дали Вистиномер, односно популарно наречената фејбук милиција и инквизиција, постои за да ја цензурира вистината, која пак како шило ја прободува лагата на власта?

Пред скоро време објавивме едно писмо од нашинец кој живее во Швајцарија и кој на тамошниот електронски попис не можеше да се декларира како Македонец. Односно, единствената понудена опција беше да избере Северномакедонец/Nortmacedonishe. Вистиномер преку своите алатки, веднаш ја цензурира нашата вест, со обвинување за ширење на „лажни вести“, и покрај тоа што има безброј примери кои го потврдуваат ваквото загрозување на националниот идентитет, како последица на Преспанскиот договор и насилната промена на името – односно, штетната последица како што е извлекувањето на придавки како  „северномакедонски народ“ и „северномакедонски јазик“ од нелегалното ново име на државата „Северна Македонија“.

За бројни примери на таквата употреба можете да го погледнете текстот „Две години Преспа – идентитетот бетон“, објавен во јуни 2018 година, во кој се прикажува употребата на придавката „северномакедонски“ во англиското говорно подрачје. Сепак, и покрај сите очигледни факти, оваа организација продолжува да прави нешто за кое воопшто не е никако овластена, а тоа е можноста, Вистиномер, без било каква одлука, налог или дозвола на државна институција или било каков државен орган, да може да цензурира јавно мислење?! Притоа, ваквата организација, иако практично има поголема моќ дури и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) сепак, таа воопшто не постои во правниот поредок на Македонија, а сепак истата има моќ да го ограничи уставно загарантираното право на слободно изразување. 

Во оваа прилика, уште еднаш укажуваме дека, тоа за што пишувавме во статијата, колку и да не ни се допаѓа и не можеме да го прифатиме, сепак е реалноста која произлегува од Преспанскиот договор и промената на идентитетот на Македонците. А Вистиномер ги упатуваме, наместо да изигруваат гестапо-интернет инквизатори во Македонија и преку злоупотреба на својата позиција да етикетираат и клеветат по секого кој што размислува поинаку од владата на СДС, доколку имаат можност во слични “Вистиномери” ширум светот да реагираат на бетонирањето на северномакедонскиот идентитет. Нашата борба за зачувување на македонскиот народ и неговиот национален идентитет продолжува, се до поништување на сите фашистичко-шовинистички договори, до конечна слобода на Македонија од капиталистичко-фашистичките окупатори и нивните домашни квислингзи.

Како потврда за нашите ставови ги издвојуваме следните примери :