АктуелноЛокално

Апасиев: Ќе организираме мрежа адвокати-Бранители на народот за правна помош за пописот

Во вечерашното интервју на Само Вистина, кое помина со гасење на струјата и прекини на стримот, лидерот на Левица порача дека во историјата на Македонија не постои човек кој бил казнат за непопишување.

„За граѓаните нема КРИВИЧНА одговорност за непопишување, има предвидено прекршочна одговорност, што е понизок износ. Но, тоа се однесува доколку сте го пуштиле попишувачот. Не постои одредба која вели дека ако не го пуштите попишувачот, вие ќе бидете казнети. Пред да влезе попишувачот, вас ве штити членот од Уставот кој ја гарантира неповредливоста на домот. Попишувачите не се овластени да казнуваат, тоа се постапки кои со години траат. Левица ќе организира мрежа на адвокати – БРАНИТЕЛИ НА НАРОДОТ, кои ќе даваат бесплатна правна помош. Во историјата на Македонија не постои човек кој бил казнет за непопишување.”

Апасиев во емисијата изјави дека овој попи е за отпис на Македонците како конститутивен народ и додаде дека процентите за тоа која етничка заедница колку ќе изнесува на пописот веќе е договорено. Тој нагласи и дека пописите во цел свет се унифицирани.

„Има неколку групи на пописи. Ние имаме комбиниран попис, кој го ставија со европско знаменце. Никаде во светот нема попис на дијаспора“, вели Апасиев.