АктуелноИнтернационално

Кремљ ги соопшти условите за прекин на огнот: Москва бара директни преговори со Киев

Кремљ објави дека директни преговори меѓу Русија и Украина се неопходен предуслов за постигнување прекин на огнот во воениот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за британската телевизија Скај њуз.

„Треба да се водат директни преговори за да се пронајде начин за прекин на огнот. Поедноставен пристап е неприфатлив,“ изјави Песков, додавајќи дека таквиот став е резултат на сериозна анализа на ситуацијата на терен.

Во истиот контекст, рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај се обрати пред домашни и странски новинари и предложи продолжување на преговорите без предуслови. Тој најави дека Русија е подготвена за нова рунда преговори со Украина на 15 мај во Истанбул.

Изјавите од Кремљ доаѓаат во време на зголемени напнатости и постојани борбени дејствија на фронтот, додека меѓународната заедница сè поинтензивно повикува на дипломатско решение на војната. Украина, од своја страна, сè уште не ја коментирала иницијативата за обновување на директните преговори.