(Видео) Левица – Ѓорче Петров во акција на косење на неискосената трева во населбата Александрија – симбол на негрижа, хаос и запоставеност

Локалниот огранок на партијата Левица од Ѓорче Петров остро реагираше на катастрофалната состојба во населбата Александрија, обвинувајќи ја општинската власт за негрижа, урбанистички хаос и целосно запоставување на јавниот простор.

„Нема паркинзи, ѓубре насекаде, недостиг од зеленило, никаква грижа за јавниот простор, без детски игралишта и простори за рекреација – Александрија е синоним за урбанистичко слепило и институционално игнорирање,“ стои во видеото на партијата, објавено на социјалните мрежи.

Активистите на Левица, како што информираат од огранокот, продолжуваат со самоиницијативни акции за косење на тревата низ општината, која со недели е оставена неуредена и е целосно запоставена од надлежните општински служби.

„Продолжуваме со теренска работа, затоа што не можеме да дозволиме нашите соседи и деца да живеат во средина што личи на џунгла, додека локалната власт молчи и не презема ништо“, порачаа од Левица – Ѓорче Петров.

Партијата најави дека ќе продолжи со вакви акции и јавни притисоци сè додека, како што велат, граѓаните на Ѓорче не добијат достоинствено уредена урбана средина.

Целото видео од акцијата во продолжение:

Може да ве интересира